Скопје Сити Мол отвора врати на 4 октомври!

Bez autora
Sep 16 2012

Најголемиот трговски центар во Македонија и еден од најголемите во регионот "Скопје Сити Мол" на 4 октомври ги отвора вратите за посетители. Во текот на неколкуте дена по свеченото отворање ќе се реализираат разновидни активности наменети за сите посетители. Дури 150 реномирани светски брендови, како и најголемите локални трговски марки ќе бидат присутни во трговскиот кој располага со вкупна површина од 90.000 квадратни метри, од кои 39.000 квадрати се наменети за издавање. Посетителите ќе го имаат на располагање и најголемиот паркинг-простор во градот со 1.300 паркинг-места, вклучувајќи подземно ниво и катна гаража. Во изградбата на центарот инвеститорот Групацијата Балфин досега инвестираше 70 милиони евра, а ќе овозможи вработување на околу 2.000 лица.

Скопје Сити Мол отвора врати на 4 октомври!Најголемиот трговски центар во Македонија и еден од најголемите во регионот "Скопје Сити Мол" на 4 октомври ги отвора вратите за посетители.

Во текот на неколкуте дена по свеченото отворање ќе се реализираат разновидни активности наменети за сите посетители.

Дури 150 реномирани светски брендови, како и најголемите локални трговски марки ќе бидат присутни во трговскиот кој располага со вкупна површина од 90.000 квадратни метри, од кои 39.000 квадрати се наменети за издавање. Посетителите ќе го имаат на располагање и најголемиот паркинг-простор во градот со 1.300 паркинг-места, вклучувајќи подземно ниво и катна гаража.

Во изградбата на центарот инвеститорот Групацијата Балфин досега инвестираше 70 милиони евра, а ќе овозможи вработување на околу 2.000 лица.

"Скопје Сити Мол" ги задоволува највисоките светски стандарди за модерен и урбан трговски простор и во Македонија ги носи некои од најголемите светски брендови. Овој проект е своевиден симбол на развој, унапредување, заемна доверба и уште повеќе ги отвора вратите за понатамошни инвестиции. Определбата на Скопје Сити Мол е да ги задоволи потребите на домашните, но и на потрошувачите од регионот за квалитетен и современ трговски простор и да стане најуспешен шопинг центар на Балканот со околу 7,5 милиони посетители во првата година.

Зара, Масимо Дути, Страдивариус, Пул енд Беар, Бершка како и францускиот ланец супермаркети Карфур, го најдоа своето место во "Скопје Сити Мол" и за прв пат ќе имаат свој продажен простор во Македонија.

Трговскиот нуди богати забавни содржини како што се мултиплекс киното со 3Д-технологија на Синеплекс, потоа кугланата за семејна забава и деловно дружење Бо Боулинг, многу кафе-барови, ресторани, брза храна, козметика, книжарница, детски катчиња, потреби за домаќинство, сервисни услуги и многу други содржини.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik